ФУДБАЛ

Започнуваат преговорите на Барса и ПСЖ, Каталонците подготвуваат интересна понуда за Нејмар

Со месеци се зборува за можно враќање на Нејмар во Шпанија, а се тврди дека Барселона ги започнала преговорите со ПСЖ.

Нејмар сé уште има желба да се врати во Барселона, од каде во летото 2017 година тој се пресели во ПСЖ за рекордни 222 милиони.

Иако се чинеше дека е комплицирано, враќањето на Нејмар во Шпанија не е невозможно, а според најновите информации од сигурни извори, Каталонците тргнуваат во преговори со парижаните.

Каталонскиото радио „RAC1“ ја потресе јавноста преку објавување ексклузивни информации за преговорите на Барселона и ПСЖ, и интересно е дека шпанскиот шампион е подготвен да испрати играч во Париз со одредена сума.

Како што пренесува „RAC1“, Барселона е подготвена да го испрати Дембеле, кој не ги исполни очекувањата со пристигнувањето од Борусија Дортмунд.

Со Дембеле и одредена сума на пари, Барселона планира да го врати Нејмар, кој сигурно ќе биде одлично засилување за овој тим.

Бразилецот играше за Сантос, Барселона и Париз Сен Жермен во својата претходна кариера. Без оглед на добрите игри и статистика во ПСЖ, дејствува како тој да не е задоволен и не можам да дочека да го напушти ПСЖ.