Раководството на Баерн од Минхен ќе ги започне преговорите со Лерој Сане за евентуален трансфер во баварскиот гигант на 1 април.
Сане веќе неколку месеци е главна желба на Хасан Салихамиџиќ. Договорот беше близу до реализација минатото лето, но германскиот репрезентативец беше тешко повреден и преговорите престанаа.
Иако немаше преговори оваа зима, Баерн се уште сака да го донесе сјајниот крилен играч, а преговорите со него за трансферот ќе започнат на 1 април.
Луѓето кои се грижат за кариерата на 24-годишниот фудбалер закажаа разговори со Баерн, фудбалерот има силна желба да дојде во Минхен и веројатно ќе го гледаме во дресот на Баерн од летото.
Во 2016 година, Сане ги одбил Баварците и замина од Шалке во Манчестер Сити, каде играше навистина добро.
Тој одигра вкупно 134 натпревари за „Граѓаните“ и постигна 39 голови.