Килијан Мбапе беше на чекор од преселба во Реал Мадрид, но на крајот го продолжи договорот со ПСЖ.
Тренерот на Реал Мадрид, Карло Анчелоти на денешната прес-конференција зборуваше за одлуката на Килијан.
„Тоа се случува. Мораме да размислиме што да правиме. Никогаш не зборуваме за играчи во други клубови. Можеме само да ги почитуваме нивните одлуки и клубови. Многу е едноставно, сега само треба да размислиме како да се подготвиме за финалето на Лигата на шампионите“, изјави Карло Анчелоти.
Прашањата за Килијан Мбапе продолжија во конференциската сала, а Карло Анчелоти најде начин да ги спречи.
„Ја почитувам вашата работа, но никогаш нема да зборувам за играчи кои не се во Реал Мадрид“, изјави тренерот на Реал Мадрид за новинарите.
Да потсетиме, Реал Мадрид за четири дена го очекува големото финале од Лигата на шампионите во Париз против Ливерпул.
Натпреварот се игра на Паркот на принцовите во сабота од 21 часот и дефинитивно сега е единствената мисла на Лос Бланкос, а за засилувања ќе размислуваат кога ќе дојде време.