ФУДБАЛ

Засилувања сигурно ќе има: Како би изгледал Тотенхем со Мурињо?

Жозе Мурињо денеска го презеде тимот на Тотенхем.

По разрешувањето на Почетино, првиот човек на „Спарс“ експресно се согласи да соработува со Мурињо, кој се враќа на менаџерската работа по 11 месеци.

Иако штотуку пристигна на новата позиција, англиските медиуми веќе силно шпекулираат за тимот што ќе го има Мурињо. Тотенхем има одличен тим, но се очекува некои засилувања да пристигнат во јануари.

„The Sun“ тврди дека Тотенхем би можеле особено да ја засилат својата офанзива и да се обидат да ги доведат во Бруно Фернандес и Дибал.

И двајцата фудбалери беа поврзани со Тотенхем во текот на летото, и ќе видиме дали тие ќе успеат да ги добијат во јануари.

Сигурно е дека Мурињо ќе бара засилувања, а ќе видиме дали Леви може да си ги дозволи.