Екипата на Ливерпул следната сезона ќе добие засилување во одбранбената линија.
Англиските медиуми утрово објавија дека 21-годишниот Французин Ибрахим Коната поминал низа тестови и медицински прегледи и дека наскоро и официјално ќе биде претставен како нов член на „црвените“.
Фудбалерот на РБ Лајпциг доби понуда од „Енфилд“. Тој реши да ја прифати, а наводно сега останува само Ливерпул да плати клаузула за обештетување од 40 милиони евра.
Конате е вториот дефанзивец кој го напушти РБ Лајпциг. Претходно, Баерн го потврди доаѓањето на уште еден Французин, Дајот Упамекан.
Конате е член на германскиот клуб од 2017 година, а оваа сезона играше на 15 натпревари за Лајпциг.