ФУДБАЛ

Застана на семафор и отвори прозорец: Меси ги расплака навивачите по победата против Сосиедад (ВИДЕО)

Фудбалерите на Барселона синоќа го совладаа Реал Сосиедад со 2: 1 на домашен терен.

Барселона успеа да стигне до три бода во одлична игра по пресвртот против Сосиедад, кој игра навистина добро оваа сезона.

По натпреварот, во центарот на вниманието беше Лионел Меси, кој воодушеви еден од навивачите пред стадионот.

Меси застана на семафор откако го напушти стадионот, оставајќи еден навивач без зборови кога го отвори прозорецот на автомобилот и му го даде дресот што го носеше на мечот против Сосиедад.

Навивачот му се заблагодари на Меси за тоа, па дури и плачеше бидејќи не можеше да поверува дека навистина му го подари дресот.