ФУДБАЛ

Застана пред камерата среде преносот и не сакаше да се помести

Неверојатна сцена се случи денеска на квалификацискиот натпревар за СП помеѓу Уганда и Мали.

На самиот почеток на натпреварот еден од гостите на стадионот направи огромен проблем бидејќи застана пред главната камера и се што можеше да се види беше неговата глава.

Реализаторот мораше да реагира. Мечот се емитуваше од друг агол неколку минути, па овој гледач создаде сериозен проблем.

Ситуацијата на крајот беше успешно решена и камерата имаше слободен простор за снимање.

Ова е нешто што не се гледа често во светот на фудбалот, и тоа беше најинтересното нешто што се случи во првото полувреме од натпреварот помеѓу Уганда и Мали.