Тренерот на Наполи, Карло Анчелоти, реагираше за контроверзиите во врска со изоставувањето на Лоренцо Инсиње за натпреварот против Генк. Прашање што се повторува во последниве денови, иако Раиола реагираше и претседателот Де Лаурентис се појави лут во медиумите.
На денешната прес-конференција пред натпреварот против Верона, тренерот објави дека капитенот ќе се врати во тимот.
“Инсиње направи одличен старт на сезоната. Два гола во Фиренца, со Ливерпул се жртвуваше и ја смени позицијата”.
“Разговарав со него веднаш штом почна да забавува и да не дава се од себе. Кога е среќен тој се појавува на теренот, покажувајќи го потенцијалот. Тоа не беше случај и јас му кажам дека мора да го промени однесувањето. Сигурен сум дека ќе покаже вредности од сега па натаму”.