ФУДБАЛ

Затруени се дури 12 играчи на Манчестер Јунајтед

Дури дванаесет играчи на Манчестер Јунајтед се чувствувале лошо ден по натпреварот од Лига Европа со молдавскиот клуб Шериф од Тираспол.

 

Јунајтед минатиот четврток победи со 2:0, па во групната фаза стигна до првата победа и први бодови, откако седум дена претходно во 1.коло беа поразени од Реал Сосиедад.

 

Одењето во Кишињев играчите на Јунајтед нема да го паметат со задоволство, иако славеа со головите на Џејдон Санчо во 17. минута и на Кристијано Роналдо во 39. минута.

Дури дванаесет играчи на Манчестер Јунајтед почнале да се чувствуваат лошо во петокот, ден по натпреварот, пренесува британскиот дневен весник „Сан“.

 

Сите тие веројатно добиле труење со храна. Поради ова, неколку играчи го прескокнаа тренингот во петокот, а некои ја пропуштија и саботната фотосесија.

 

Манчестер Јунајтед можеби имал среќа во несреќата бидејќи нивниот првенствен натпревар против Лидс Јунајтед беше одложен поради национална жалост и по смртта на кралицата Елизабета Втора. Не се знае како труењето на играчите би се одразило на нивниот став на неделниот натпревар и дали сите би играле.

Манчестер Јунајтед се обидува да открие дали играчите добиле труење со храна во Кишињев или храна од авионот на враќање во Англија. Засега поголема група играчи заминаа во тренинг камповите на своите репрезентации.

 

Тимот предводен од Ерик тен Хаг оди се подобро и подобро во Премиер лигата. По серијата од четири последователни победи се искачија на петтото место на табелата и имаат 12 бода (четири победи и два порази), шест помалку од лидерот Арсенал, но лидерот одигра натпревар повеќе.

 

Во недела, на 2 октомври, Јунајтед ќе го одигра најтешкиот натпревар сезонава, бидејќи за ривал ќе го има Манчестер Сити, па ќе видиме колку ќе направат Роналдо и друштвото.

 

Јунајтед имаше катастрофален почеток на сезоната, но работите изгледаат многу подобро во последно време.

ПОВРЗАНО

Премиер ЛигаЛига Европа