Коронавирусот се уште ги држи затворени дел од граничните премини со нашите соседи, со други пак потребен е негативен ПЦР тест. Ова прави проблеми и во одржувањето на спортските натпревари и турнири кои беше планирано да се одржат кај нашиот јужен сосед.
Токму поради ова, битолски Еурофарм Пелистер е спречен да патува во Атина, Грција каде требаше да бидат дел од силен меѓународен турнир.
Но зелено-белите периодов ќе останат дома па ги очекуваат и неколку домашни средби, меѓу кои и тие со Вардар, Бутел, КЛ7 и вториот тим.