Играчот на Бешикташ, Чанер Еркин, наскоро ќе се појави на суд каде ќе одговара за навредите и пцовките упатени кон арбитарот на мечот помеѓу Бешикташ и Башакшехир, на левиот бек му се заканува затворска казна до две години.
Во завршните мигови од дуелот помеѓу Бешикташ и Башакшехир, кој се одигра на 23. октомври минатата година, Чанер Еркин велгол во бележникот на судијата Мете Калкаван по што левиот бек започна вербална војна со арбитарот. Турчинот употребил навреди и пцовки.
Целиот случај стигнал до обвинителството од Истанбул, кое сега поднесе тужба против Чанер Еркин и наскоро ќе започне судски процес. На фудбалерот му се заканува затворска казна до две години.