ФУДБАЛ

Заврши авантурата на Ребиќ со Милан

Авантурите на Анте Ребиќ, во Милан завршува. Хрватскиот фудбалер, кој оваа сезона се активираше само седум пати со црвениот дрес, започна преговори за враќање во Ајнтрахт Франкфурт.

Играчот беше префрлен во Милан во замена за Андре Силван, но изгледа не успеа да ги убеди челниците на италијанскиот клуб.

Страните работат на дополнување на конечните детали, бидејќи желбата на играчот е да се врати во Бундеслигата каде може да игра и да може да се натпреварува со својата репрезентација за Евро 2020.

ПОВРЗАНО

Бундеслига