ФУДБАЛ

Заврши кариера на Серхио Агуеро?!

Серхио Агуеро поради проблеми со срцето барем привремено ќе ја заврши професионалната кариера.

Аргентинскиот напаѓач ова лето се пресели во Барселона како слободен играч од Манчестер Сити. Тој не беше целосно подготвен и токму кога се опорави и се врати на теренот, се повреди.

На дуелот со Алвес Агуеро имаше проблеми со дишењето, почувствува силни болки во градите и веднаш беше пренесен во болница. Констатирано е дека има неправилно чукање на срцето и дека ќе паузира околу три месеци.

Радио Каталонија сега пренесува дека кариерата на Агуеро е завршена и дека тој нема да може да се врати на фудбалот поради овие проблеми.

Конечната одлука лекарите ќе ја донесат за неколку месеци, а во меѓувреме Агуеро ќе биде под постојан надзор и ќе прави редовни тестови.

Тоа би бил навистина тажен крај на една голема кариера.