УЕФА го избра форматот за завршницата во Лигата на шампионите, според најпочитуваните медиуми во светот.
Финалето на најелитното натпреварување во светот ќе се одржи во Лисабон, а натпреварите од четвртфиналето, полуфиналето и финалето ќе се играат на два стадиони.
Лигата на шампионите ќе продолжи на 8 август, кога ќе се одиграат преостанатите реванш натпревари од 1/8 финалето: Манчестер Сити – Реал Мадрид, Барселона – Наполи, Баерн – Челзи и Јувентус – Лион.
После тоа, осум екипи ќе се преселат во Лисабон. Четвртфиналето ќе се игра помеѓу 12 и 15 август на стадионите „Хозе Алвалад“ и „Да Луз“.
Полуфиналните натпревари се закажани за 18 и 19 август, додека финалето ќе се одигра на 23 август на стадионот Де Луз.
Натпреварите во Лигата на Европа ќе продолжат на 5 и 6 август. Кога ќе ги добијат учесниците во осмина финалето, ќе следи осмина финалето во Германија од 15 август. Финалето во Келн е закажано за 21 август.
Потврдено е дека стадионот „Сан Мамес“ и „Аноета“ ќе бидат домаќини на завршницата од Лигата на шампионите за жени, додека Европскиот Суперкуп ќе се игра на 24 септември во Будимпешта.