Реакциите продолжуваат од некои од најголемите играчи во меѓународниот фудбал по објавата на Лео Меси во врска со заминувањето на Луис Суарез од Барселона.
Од онаа на Нејмар, а потоа и на Сеск Фабрегас и Анхел ди Марија,сега стигна и од поранешната sвезда на Барса, Дани Алвеш.
„За жал, ова е реалност што трае долго време и се потврдува од година во година. Не станува збор за победа или пораз, ние тоа добро го знаеме, станува збор за почит, а тие немаат“, беше пораката на Бразилецот.