ФУДБАЛ

Зборовите на Роналдо за најголемиот ривал Меси, звучат моќно

Додека Кристијано Роналдо, едни го сакаат, други не. Тие мислат дека тој е неописливо арогантен и заљубен сам во себе, но не може да му се замери поради постигнувањата што ги остварил.

Португалецот во своите витрини има пет златни топки, исто толку и Лионел Меси, веќе една деценија откако ги гледаме во акција, прашањето кој е подобар од нив двата скоро секој ден се врти во јавноста.

Честопати, медиумите го потенцираат нивното ривалство и шпекулираат за неподносливоста на двата најдобри фудбалери на денешницата. Во какви односи се наоѓаат најверојатно нема да дознаеме, но барем знаеме дека Роналдо исклучително го почитува Меси, како што е покажа во изјавата што ја даде за „France Football“.

“Колку играчи можат да играат на највисоко ниво десет или повеќе години? Може да сметате на прстите од една рака, тоа е Лионел Меси и јас”, рече Роналдо.

Во разговорот, Роналдо, исто така, кажа за одлуката, кариерата да ја продолжи во Јувентус, не ја пропушташе можноста да каже некој голем збор за себе.

“На моја возраст, ниту еден играч не би заминал во уште еден голем клуб за 100 милиони фунти. Најчесто фудбалерите одат во Кина, Емирати или Индија, каде што ја завршуваат кариерата”, рече Роналдо.