Реал Мадрид ги заврши преговорите за трансфер на младиот играч за врска Џуд Белингам, објавија денеска шпанските медиуми.
„Договорот е затворен“, пишува „Марка“ и додава дека мадридскиот клуб на Борусија Дортмунд ќе и плати 120 милиони евра, што е најголемиот трансфер во историјата на Реал, кој платил пет милиони помалку за Еден Азар.
„Реал и Белингем се договорија за се, останува уште конечен состанок на преговарачите на клубот за да се договорат сите детали“, пишува Фабрицио Романо.
Во истиот текст се наведува и дека Манчестер Сити на младиот англиски играч за врска му понудил поголема плата од таа што ќе ја добива во Мадрид, но Белингем сепак решил да замине во Реал каде ќе заработува 12 милиони фунти бруто по сезона.
Како што пишува „Ас“, доаѓањето на Белингем не менува ништо во однос на судбината на Модриќ и Крос на кои ќе им бидат продолжени договорите. И покрај тоа, реално е да се очекува дека куп млади ѕвезди во средниот ред на Реал следната сезона значително ќе влијаат на минутажата на најголемите асови на мадридскиот клуб, пред се Лука Модриќ.
Real Madrid’s midfield options if Bellingham joins them next season 😳 pic.twitter.com/uwC3wMaFvi
— 433 (@433) May 3, 2023
