Со видео, објавено на нивната социјална мрежа, навивачката група на „Пелистер“, популарните „Чкембари“ го најавија дербито кое викендов се игра во рамките на ПМФЛ помеѓу Вардар и Пелистер. Качени на коњи, тргнуваат за Скопје, а велат ова било „зелена ера, против камено доба“. Дуелот Вардар-Пелистер се игра в недела со почеток во 20 часот.
Зелена ера против камено доба-Чкембари се качија на коњи и го најавија дербито, ги „пецнаа“ Комитите (ВИДЕО)
