ФУДБАЛ

Земи или остави: ПСЖ понуди двајца играчи за Дембеле

Француски ПСЖ и понуди двајца играчи на Барселона во замена за Усман Дембеле.

Според информациите на француските медиуми, Парижаните испратиле понуда на адреса на каталонскиот великан, во која нудат двајца фудбалери за Французинот чиј договор истекува за неколку месеци.

Фудбалерите на понуда се 21-годишниот играч од средниот ред Ерик Јуниор Дина-Ебимбе и 25-годишниот лев бек Абду Диало и тоа е понуда „земи или остави“.

Во понудата не се вклучени пари, па Барселона во следните неколку часа ќе треба да одлучи за понудата на тимот од „Паркот на Принцовите“.

Ебимбе е млад играч од средниот ред кој ја помина младинската школа на ПСЖ, но не доби премногу шанси да заигра во првиот тим.

Така, сезонава играше 12 пати во сите натпреварувања и има една асистенција.

Од друга страна, Диало е во Париз од 2019 година. Тој пристигна од Борусија и потекнува од Монако.

Оваа сезона 25-годишниот фудбалер одигра 13 натпревари и исто како и Ебимбе има една регистрирана асистенција.