ФУДБАЛ

Земјотрес на фудбалски пазар: Се огласи и мајката на Мбапе, ја откри вистината за синот

Сите аларми на фудбалскиот пазар се вклучија по веста дека Килијан Мбапе се согласил да ја продолжи соработката со ПСЖ на уште две години.

Le Parisien ја објави веста дека Мбапе се согласил да ја продолжи соработката со ПСЖ на уште две години, што беше почеток на „земјотресот“.

Според францускиот весник Мбапе, тој во ПСЖ со нов договор би заработувал годишно 50 милиони евра, додека само за потпис би добил 100 милиони евра.

 

Најпрво тоа беше шокантна вест за сите во Реал кои веруваат дека доаѓањето на Мбапе е веќе завршено и дека тој ќе биде идниот Галактикос.

Вистината за Мбапе ја откри Фајза Ламари, неговата мајка и личност која е многу активна во преговорите и со ПСЖ и со Реал Мадрид.

 

„Нема договор со ПСЖ или со кој било друг клуб. Дискусиите за иднината на Килијан продолжуваат мирно за да му се овозможи да го направи најдобриот можен избор“, напиша таа на Твитер.

Набрзо се појави и трансфер гуруто Фабрицио Романо, кој изјави дека нема договор и дека конечната одлука ќе биде донесена наскоро.

 

Мадридска Марка, традиционално во корист на Реал, ја објави веста дека мајката на Мбапе тврди дека Лос Бланкос и понатаму се прва опција.

 

Ситуацијата се менува од ден на ден со недели. Мбапе е во Мадрид еден час, а во Париз останува еден час. Така што вечерашните настани не се изненадување и сигурно е дека ќе има слични ситуации во наредниот период.