Длабока криза го тресе ПСЖ. Се започна со испаѓање од Реал Мадрид во осминафиналето од Лигата на шампионите.
Обожавателите со денови протестираат и бараат промени, а тоа изгледа почна да се одразува на најголемите ѕвезди кои се чувствуваат несигурно.
Мадридски АС денеска објави дека Нејмар и Серхио Рамос решиле да ја напуштат француската престолнина поради непријателската атмосфера.
Нејмар се најде во забите на навивачите поради неговата лична ситуација, а се чини дека жестоките свирежи кои ги доби на мечот против Бордо беа капка која ја прели чашата.
Најголем проблем е високата плата што ја добива и ретки се клубовите кои би сакале да го видат во својот тим под овие услови.
Рамос постојано беше повреден и успеа да одигра само пет натпревари и ја загуби целосната доверба кај навивачите кои практично ќе го избркаат од Паркот на принцовите.
Сето ова ќе се случи заедно со заминувањето на Килијан Мбапе, кој е решен да не продолжи по испаѓањето од Реал Мадрид.
Клубот како слободен играч ќе го напушти и Анхел Ди Марија, најдобриот асистент во историјата на Париз и секако еден од најдобрите во тимот на популарните светци.
Ситуацијата околу Лионел Меси е нешто поинаква. AS тврди дека Аргентинецот сака да го испочитува двегодишниот договор кој го потпиша, а една од причините е што нема понуди со слични услови како што има во ПСЖ.
Со оглед на тоа што остана без Мбапе, Парижаните сигурно нема да си дозволат да го напуштат Меси, иако тој не е на нивото што се очекува од него.