КОШАРКА

Жалгирис му зема мерка на Макаби ТА

Кошаркарите на Жалгирис забележаа нова победа во Евролигата, откако вечерва во 14 коло го совладаа Макаби Тел Авив со 80:73.

Во Каунас беше одигран возбудлив натпревар, откако првата четвртина заврши 16:16, но домаќините беа подобри на полувреме каде заминаа со предност од 39:33. Возбудувањата продолжија и во третата четвртина, но предноста од шест поени остана за Жалгирис, па во последната четвртина домаќините одиграа повторно фантастично и триумфираа со 80:73.

Артурас Милакнис постигна 16 поени за Жалгирис, додека кај Макаби најдобар беше Скоти Вилбекин со 20 поени.

Претходно Химки ја совлада Дарушафа со 85:84.