Во текот на попладнево се одржа ждрепката за третото коло од англискиот ФА Куп и веднаш го добивме еден од најдобрите натпревари што можевме во ова натпреварување.
Фудбалерите на Арсенал во третото коло од ФА Купот ќе играат против Ливерпул и на тој натпревар ќе бидат домаќини.
Двете премиерлигашки екипи, кои се меѓу фаворитите за трофејот во ФА Купот, на 6 или 7 јануари во третото коло ќе играат во Лондон.
Бранителот на титулата Манчестер Сити на домашен терен ќе игра против второлигашот Хадерсфилд, додека Сандерленд ќе биде домаќин на Њукасл во локалното дерби.
Манчестер Јунајтед ќе игра на гости против Виган, Тотенхем ќе го пречека Барнли, Евертон ќе игра со Кристал Палас во Лондон, а Брентфорд ќе го пречека Вулверхемптон.
Во натпреварувањето во ФА Купот од третото коло се приклучуваат екипи од Премиер лигата и Чемпионшип.
