Тимот на Барселона, наводно, вршел силен притисок врз Артур Мело да го прифати неговото заминување во Јувентус во замена за Миралем Пјаниќ.
Според каталонскиот весник Спорт, управата на Барселона одлучила да изврши притисок врз бразилскиот играч од средниот ред за да ја прифати размената во Јувентус, што тој упорно ја одбива.
Јувентус и Миралем Пјаниќ се подготвени за договор со Барселона. Старата дама наместо бх. играчот од средниот ред го бара Артур, но овој не сака да го напушти.
Затоа раководството на шпанскиот шампион реши да изврши силен притисок врз Бразилецот за конечно да се согласи на договорот, а првиот чекор беше преземен синоќа на натпреварот против Мајорка, кој 25-годишниот играч од средниот ред го гледаше од клупата.
Артур играше вкупно 24 пати оваа сезона и има учинок од четири гола и четири асистенции.
На Камп Ноу бразилскиот фудбалер пристигна од „Греми“ во 2018 година за 31 милион евра.