Очевидци тврдат дека вакво нешто досега не е видено.
Црвена звезда и Партизан во саботата го одиграа 167. дерби и тоа заврши без гол. Како и обично, има големи тензии поради големото ривалство, иако на стадионот Маракана немаше инциденти како што се обично.
Но затоа пред натпреварот имаше навивачки конфликт на улиците во Белград. Судирот избил на аголот од улиците Пастерова и Ресавска, а навивачите се степале.
Еден од навивачите падна на земја, како што се гледа на видеото, а останатите продолжуваат да го тепаат. На снимката се гледа и едно лице, веројатно тој што снима, вели: „Овој е мртов“.
Не се знае што се случило подоцна и колкумина се повредени.
Очевидци на немилиот настан тврдат дека се е уништено и дека вакво нешто одамна не е видено на улиците на главниот град на Србија.
— Kineskikolacic (@Kineskikolacic) April 16, 2022