Единсон Кавани, напаѓач на Манчестер Јунајтед, заработи драстична казна од Фудбалската асоцијација на Англија. Тој ќе мора да плати 100 илјади фунти, но ќе биде суспендиран на три меча и сето тоа поради објава на социјалните мрежи.
Уругваецот пред еден месец по победата над Саутемптон од 3:2, кога постигна два гола, му се заблагодари на соиграчот Рашфорд за асистенциите упоребувајќи го зборот „нигер“. Ова беше протолкувано од ФА како расизам.
Манчестер Јунајтед застана во негова одбрана, но и самиот фудбалер изјави дека не сакал никого да навреди со тоа и веднаш го избришал постот. Сепак, ФА одлучи драстично да го казни.