Учесниците на УС Опен ќе мора да ги почитуваат острите мерки на заштита во Њујорк поради тешката ситуација со коронавирусот во Америка. УС Опен на програмата е од 31 август до 13 септември. Како што и порано беше најавено, публика нема да има, но играчите ќе бидат изолирани, нешто слично како во НБА лигата.
Учесниците ќе бидат во т.н „меур“ и нема да смеат да ја напуштат оваа изолација без дозвола на шефот на медицинската служба и директорите на турнирот. Кој го прекрши ова правило, жестоко ќе биде казнет. Ќе следува исфрлување од турнирот и сериозна финансиска казна.
— José Morgado (@josemorgado) August 4, 2020
Колку за потсетување Ѓоковиќ потврди дека ќе учествува на УС Опен, додека Надал поради ситуацијата со коронавирусот, одлучи да го скокне овој Грен Слем.