ФУДБАЛ

Жестоки удари врз Салах и Мане по срамот на „Енфилд“ (ВИДЕО)

Исто така, се чини дека некои играчи на Ливерпул не се откажуваат од обидот да измамат кога на тимот му е најтешко.

Англичаните се познати како најжестоки критичари на симулаторот, а по срамот против Евертон, Мохамед Салах и Садио Мане беа нападнати.

Салах и Мане се меѓу најдобрите играчи на светот, тие се исклучително цврсти на нозе и тешко се соборуваат, но синоќа изгледаа како да се направени од хартија.

Кога се најдоа во ситуации да изборат потенцијален пенал за својот тим, и двајцата симулираа, но судијата не падна на нивната глума.

Во Англија, симулацијата обично се „наградува“ со жолт картон, но sвездите на „црвените“ имаа среќа да останат неказнети.

Патем, натпреварот заврши со победа на гостите од 0:2.