ФУДБАЛ

Жестоко е во Баерн пред мечот со ПСЖ: Продолжува „пресметката“ на Флик со Салихамиџиќ

Баерн Минхен вечерва е домаќин на ПСЖ во првиот натпревар од четвртфиналето во Лигата на шампионите.

Во актуелниот европски шампион не цветаат рози пред овој натпревар, а директорот Хасан Салихамиџиќ и тренерот Ханси Флик повторно се во конфликт.

Откако германската фудбалска легенда Лотар Матеус јавно изјави дека Баерн ќе мора да се ослободи од Салихамиџиќ или Флик, Билд носи нови информации за големите несогласувања во баварскиот гигант.

Тренерот Флик им порача на управата на клубот дека ќе донесе одлука за својата иднина на крајот на сезоната бидејќи во моментов не е задоволен од настаните во клубот и неговата улога во донесувањето одлуки.

Тензиите меѓу него и Салихамиџиќ се огромни. Флик сака да биде прашан повеќе за доведување играчи, а Салихамиџиќ, од друга страна, не сака неговиот тренер да се меша во работата за која е задолжен.

Клубот е јасен во својата позиција. Трансферите секогаш ги вршеше управата на клубот и работата на тренерот е да работи со оние играчи што клубот ги ангажира.

Конфликтот меѓу Флик и Салихамиџиќ трае подолго време. Очигледно е дека челниците на Баерн ќе треба да изберат помеѓу еден од нив, и ќе видиме кого ќе изберат.