ФУДБАЛ

Жестоко на Олимпико: Лацио со гол од пенал ја исфрли Рома од купот

Фото: Soccer Football - Coppa Italia - Quarter Final - Lazio v AS Roma - Stadio Olimpico, Rome, Italy - January 10, 2024 Lazio's Matteo Guendouzi clashes with AS Roma's Gianluca Mancini REUTERS/Alberto Lingria - UP1EK1A1FCA6S

Големото римско градско дерби во четврт-финалето на Купот на Италија му припадна на Лацио кој минимално ја совлада Рома.

Имаше се. Навивачка тепачка, жестока тепачка на теренот, но на крајот голот го реши гол од белата точка.

Во 51. минута Хуисен невнимателно стартуваше во шеснаесетникот и удри во ногата на Кастеланос. Закањи беше прецизен од белата точка. Тоа би се покажало како единствениот гол на натпреварот.

Секако, мораше да се издаваат и црвени картони. И тоа во компензаторно време. Го добија Педро од Лацио, кој во минута доби два жолти картони, како и Азмун.

Во полуфиналето Лацио ќе се сретне со подобриот од натпреварот помеѓу Јувентус и Фросиноне.