ФУДБАЛ

Жезус се пофали со слика од теренот

Закрепнувањето на Габриел Жезус по операцијата на коленото очигледно оди во вистинската насока.

Жезус се повреди за време на Мундијалот во Катар, поради што мораше да го напушти репрезентативниот камп и да се врати во Манчестер, каде му беше извршена операција на коленото.

Тогаш проценката беше дека фудбалерот на Арсенал ќе биде надвор од терените четири до пет недели, но на сите им беше јасно дека тоа не е реална проценка.

Осум недели подоцна, Бразилецот објави фотографија од теренот.

Поради паузата за Мундијалот, а потоа и поради повреда, Жезус последниот меч за Топџиите го одигра на 12 ноември, во победата против Вулверхемптон.