Габриел Жесус беше успешно опериран во вторникот, соопшти Арсенал.
Операцијата на десното колено по повредата заработена на Мундијалот помина според планираното.
„Габи сега ќе започне со рехабилитација и опоравување според конкретна програма. Сите во клубот го поддржуваат и ќе работат напорно за да му помогнат што побрзо да се врати на терените“, соопштија од клубот.
🗞 Gabriel Jesus has successfully undergone surgery to his right knee 👇
— Arsenal (@Arsenal) December 6, 2022
Во медиумите се појавија информации дека првата ѕвезда на Арсенал оваа сезона ќе биде надвор од терените до четири месеци.