Женскиот фудбалски клуб Каменица САСА доживеа дебакл на гостувањето кај Јувентус во рамките на полуфиналниот турнир од групата 8 во Лигата на шампиони.
Разиграните италијанки успеаа 12 пати да ја затресат мрежата на Каменица Саса.
Јувентус уште од 3. минута го отвори резултатот и ја покажа моќта со 12 постигнати голови. Но поразителен и е фактот дека нашите девојќи не успеаа да упатат ниту еден удар кон голот на противнико, а фудбслерките на Јувентус дури 55 пати се обидоа да го најдат патот до голот.
Италијанките на полувреме имаа предност од четири погодоци, но во вториот дел успеаа да постигнат уште осум голови и да остварат висока победа над нашиот претставник.
Сташкова и Карузо забележаа хет-трик, а мрежата ја затресија и Џирели два пати, Бонасеа, Заманијан, Бонфатини и Росучи.