Фудбалерите на Жирона направија доста изненадување во 23. коло од шпанската Ла Лига и го победија Атлетик Билбао на гостински терен со резултат 3:2.
Што ќе се случува денеска во Баскија навести Алеиш Гарсија веќе во четвртата минута кога погоди за 0:1.
Во 19. минута нов шок за Атлетик, автогол на Де Маркос и 0:2.
Домашниот тим за кратко се врати во мечот, бидејќи Берчиќ во 35. минута намали на 1:2, но одговор и на ова имаше Жирона, со уште еден автогол на Весга во судиското надополнување во првото полувреме за да направи тоа 1:3.
Во продолжение на нападите на домашните, кои постигнаа гол дури во 89. минута, кога искусниот Раул Гарсија намали на 2:3. Премногу доцна за да се добие дури и поен.
На крајот, Жирона зема големи три бода од едно од најтешките гостувања во Шпанија.
Жирона се искачи на десеттото место со 30 бодови, а Билбао е седми со два бода повеќе.
