ФУДБАЛ

Жирона ја прекина серијата без победа против Ваљадолид

Во првиот натпревар од петтото коло на Ла Лига, Жирона на домашен терен го победи Ваљадолид со 2:1.

 

По реми и пораз, Жирона конечно славеше. Таа на домашен терен дојде до втората победа во првенството, но доволна за да се искачи во горната половина на табелата.

 

Жирона извлече предност во 21. минута со голот на Рание. Сепак, таа не отиде со предност на полувремето, бидејќи израмни Мончу во 38. минута. Сепак, победата и трите нови бода на Жирона ги обезбеди новајлијата на Саутемптон Ориол Ромеу во 88. минута.

ПОВРЗАНО

Ла Лига