ФУДБАЛ

Жиру доби нов договор

Францускиот центарфор Оливие Жиру го продолжи договорот со Милан на уште една година.

Искусниот напаѓач одигра витална улога во преминот на Росонерите во полуфиналето на Лигата на шампионите. Тој го постигна водечкиот гол за шампионот на Италија, трасирајќи го патот до конечниот триумф. И успеа да го направи тоа откако го промаши пеналот. Нов договор дојде како награда.

Новиот договор ќе трае до 2024. Сезонава на 38 натпревари во сите натпреварувања постигна 13 гола со шест асистенции. Во Милан е од 2021 година и на вкупно 76 натпревари постигна 27 гола со 10 асистенции.