Менаџерот на Челси, Франк Лампард изјави дека фудбалерот Оливие Жиру може да го напушти клубот во јануари.
Тој беше стартер на само два натпревари оваа сезона и влезе во последните шест месеци од неговиот договор со Челси, откако дојде од Арсенал на „Стемфорд Бриџ“ во јануари 2018 година.
Тој го гледаше денешниот натпревар против Нотинг Форест (2-0) во третото коло од ФА Купот од клупата за резерви.
Скај објави дека Лион ја одбил понудата на Челси од 40 милиони евра за напаѓачот на Лион, Мусу Дембеле.