ФУДБАЛ

Жиру: Сакам да ја завршам играчката кариера во Милан

Фото: Soccer Football - FIFA World Cup Qatar 2022 - Round of 16 - France v Poland - Al Thumama Stadium, Doha, Qatar - December 4, 2022 France's Olivier Giroud celebrates scoring their first goal REUTERS/Hannah Mckay - UP1EIC418B1F3

Фудбалерот на Милан и француски репрезентативец Оливие Жиру призна дека сака да го продолжи договорот со италијанскиот клуб.

„Преговарам со Милан, се договориме. Се надевам дека ќе ја завршам играчката кариера во овој клуб“, изјави Жиру, пренесуваат италијанските медиуми.

Жиру пристигна во Милан од Челзи во 2021 година. За италијанскиот клуб одигра 62 натпревари и постигна 23 гола, а минатата сезона со Милан ја освои титулата во Серија А.

Пред Челзи, Жиру (36) играше за Арсенал, Турс, Монпеље, Истра и Гренобл. За француската репрезентација одигра 120 натпревари, а постигна 53 гола.

Со селекцијата на Франција ја освои титулата на Мундијалот во 2018 година, а на неодамнешното Светско првенство во Катар, Франција во финалето беше поразена од Аргентина по подоброто изведување пенали.

ПОВРЗАНО

Серија АСветско првенство 2026