Оливие Жиру ќе го напушти Челзи на крајот на сезоната.
Новиот договор нема да му биде понуден на 34-годишниот француски фудбалер и тој ќе го напушти клубот од „Стемфорд Бриџ“ по истекот на соработката во јули.
Жиру пристигна во Челзи во февруари 2018 година од Арсенал. Речиси во секој преоден рок тој беше поврзан со заминување, но на крајот тој секогаш остана член на Плавите.
Сепак, сега е време за последната разделба и од јули Жиру ќе бара нов клуб.
Францускиот напаѓач одигра 108 натпревари за Челзи и постигна 37 погодоци.