ФУДБАЛ

Жиру синоќа влезе во историјата на Лигата на шампионите

Оливие Жиру синоќа постигна четири гола во Лигата на шампионите против Севилја.

Иако многу се зборува за неговото заминување од Челзи, тој не размислува за тоа, и очигледно ја користи секоја шанса што ја добива.

Откако синоќа постигна четири гола, тој беше најстариот играч кој постигна хет-трик во Лигата на шампионите.

“Дозволете ми да уживам во вечерата и победата. После тоа ќе видиме каква е одлуката на мојот тренер за следните натпревари”, кратко прокоментира Лампард.

Очигледно, тој е исто така свесен дека партијата што ја обезбеди синоќа може да биде неговиот билет за враќање во првата постава.