Шпанскиот играч за врска Педри оваа сезона игра во одлична форма во дресот на Барселона, поради што стана мамка за многу светски компании кои сакаат да потпишат спонзорски договор со него.
Педри пристигна во Барселона летото 2020 година од Лас Палмас за речиси 18 милиони евра и тоа беше фантастичен потег на предводникот на каталонскиот клуб. Веќе во првата сезона покажа дека е исклучителен талент.
И оваа сезона Педри игра во одлична форма и прерасна во еден од најважните играчи во Барселона, а многумина велат дека веќе е еден од најдобрите играчи за врска во Европа.
Педри минатата година потпиша нов договор со Барселона до летото 2026 година, а познато е дека има откупна клаузула од цели милијарда евра. Неговата популарност скокна неверојатно за помалку од две години, поради што од ден на ден добиваше понуди за спонзорство.
19-годишниот играч од средниот ред се уште нема „силен“ спонзорски договор и реши да се погрижи за тоа на крајот од сезоната, но ќе биде во многу проблеми кога е во прашање изборот.
Имено, шпанските медиуми пред неколку дена објавија дека Педри станал вистинска мамка за спонзори и дека во 2022 година добил дури 80 понуди за соработка.
Дека Педри е еден од најпопуларните играчи во Барселона во моментов говори и податокот дека неговиот дрес е најпродаван во клупската продавница. Тој реши да ги остави на страна спонзорските понуди, а рече дека ќе ги разгледа на крајот на сезоната и дека моментално е фокусиран само на фудбалот.
Барселона направи фантастичен потег со доведувањето на Педри и многумина велат дека клубот конечно доби вистинска замена во средниот ред за Андрес Иниеста и Чави Ернандез.
Колку скокна неговата популарност за неполни две години доволно говори и фактот што кога потпиша за Барселона имаше 25.000 следбеници на социјалните мрежи, а сега таа бројка достигна 5,5 милиони.
Педри не дозволува парите да му бидат најважни и моментално е фокусиран само на фудбалот, а каков скромен тип е најдобар покажа пред неколку недели кога изјави дека неговите родители се грижат за парите и дека неговата цел е да им купаи нова куќа..