ФУДБАЛ

Жоан Лапорта: Роналд Куман останува тренер на Барселона!

Претседателот на Барселона, Жоан Лапорта, денеска во интервју за Мундо Депортиво објави дека Роналд Куман ќе остане тренер на клубот.

Иако шпанските медиуми претходните денови постојано пишуваа дека Холанѓанецот по натпреварот со Атлетико ќе го напушти клубот, Лапорта тврди дека тоа нема да се случи.

“Куман останува тренер на Барселона. Заслужува доверба затоа што пред се е легенда на клубот. Ценам што се согласи да биде таму во овие тешки времиња”, рече Лапорта, додавајќи:

“Куман продолжува да работи без оглед на вечерашниот резултат. Го сака клубот и ги има сите референци да биде таму”, истакна претседателот на Барселона за Мундо Депортиво.

Холандскиот тренер го презеде каталонскиот гигант во август минатата година. Сепак, во последно време, клубот игра катастрофално и постојано се зборува за негово заминување.

Сепак, тоа очигледно нема да се случи. Очигледно, Куман ќе продолжи со својата работа, а тоа сигурно нема да им се допадне на навивачите на каталонскиот клуб.