Во големото дерби од осминафиналето на ЕУРО, Белгија синоќа ја совлада Португалија со 1:0 и со тоа помина во следната фаза од натпреварувањето.
Европа ќе добие нов шампион ова лето. Тоа стана јасно по синоќешната елиминација на се уште актуелниот шампион на Стариот континент, селекцијата на Португалија.
Голот на одлуката го постигна Торган Азар во 42-та минута кога со одличен удар го совлада Руи Патрици.
Кристијано Роналдо и неговиот тим потоа ги фрлија сите карти во нападот и играа подобро, но не можеа да стигнат до посакуваниот гол, па по осминафиналето мораа да ги спакуваат куферите.
Во второто полувреме селекторот Сантош ги фрли сите карти во нападот и воведе повеќе офанзивни играчи. Жоао Феликс, меѓу другите, доби можност, но не им помогна на европските Бразилци, како што популарно ги нарекуваат Португалците.
Особено критичен кон младата ѕeвезда на Атлетико Мадрид беше одличниот Рој Кин.
“Жоао Феликс е измама. Неговата земја има потреба од него и тој не може дури да ја погоди рамката на голот. Чини 100 милиони фунти? Да бев Роналдо, ќе одев по него во соблекувалната”, рече легендарниот играч на Манчестер Јунајтед.
Roy Keane had some strong words for Joao Felix today against Belgium 🤭 pic.twitter.com/QtzH9Y3VBX
— ESPN FC (@ESPNFC) June 27, 2021
Овој офанзивен играч за врска пристигна во Мадрид летото 2019 година од редовите на Бенфика со епитетот голем талент во трансфер вреден 126 милиони евра, или 100 милиони фунти.