Фантастичниот и талентиран Португалец Жоао Феликс е мета на италијанските великани Јувентус и Интер.
Според „Калчомеркат“, двата тима се заинтересирани и подготвени да разменат играчи со Атлетико.
Истиот извор наведува дека Јувентус е подготвен да го пушти Дибала да замине во замена за Феликс, додека Интер од друга страна би бил подготвен да се откаже од Лаутар Мартинез за да го добие Феликс.
Економската состојба не дозволува клубови како Интер и Јувентус да плаќаат во готово за доаѓањето на Феликс, па размената е една од опциите, но големото прашање е дали Атлетико би бил подготвен да се вклучи во вакви преговори.
Досега оваа сезона Феликс направи чекор напред во споредба со претходната сезона. Тој постигна осум гола на 17 натпревари и забележа три асистенции.