Германскиот фудбалер Жоел Матип доживеа малку посериозна повреда на стапалото.
Стоперот на Ливерпул ќе го пропушти целиот остаток од сезоната заради истото. Тој го потврди тоа во интервју за веб-страницата на клубот.
„Нема да се вратам на теренот оваа сезона, а што се однесува до следната сезона, се надевам дека ќе бидам вистинска помош за тимот уште од почеток“, изјави 28-годишниот фудбалер.
Матип се повреди против Евертон пред неколку дена, а во меѓувреме го промаши натпреварот против Кристал Палас. Покрај тој натпревар, тој ќе ги промаши останатите седум натпревари до крајот на сезоната.
Иако е малку чудно да се каже, Матип не можеше да избере подобар момент за посериозна повреда, со оглед дека Ливерпул математички ја обезбеди титулата на англискиот шампион, а останатите натпреварувања ги заврши уште порано.
Германецот има одиграно вкупно 13 натпревари оваа сезона и постигна два гола.