Чави му одговори на Жорди Алба кој јавно проговори за намерата на Барселона да го продаде на Интер без претходно клубот да го извести.
Иако тоа не го кажа со свои зборови, дефанзивецот навести дека е разочаран од идејата на Каталонците. Не можам да кажам повеќе, иако би сакал“, изјави Алба.
Алба истиот ден доби одговор од својот тренер. На прес-конференцијата во пресрет на првенствениот натпревар против Кадиз, Чави го пофали фудбалерот и објасни дека ја разбира неговата фрустрација.
„Можам да го разберам. Но, над овие изјави, најважно е што е посветен, работи многу напорно и во средата одигра извонреден натпревар. Можам да разберам што рече, но најважно е што има не го смени својот став.
Покрај тоа, тој се уште добива минутажа бидејќи е важен играч за нас. Среќен сум со него“, изјави Чави, а пренесува Marca.
Да потсетиме, Алба во денешното интервју призна дека иако клубот сакал да го продаде поради деликатната финансиска ситуација, тој сепак се смета за доволно вреден за да биде дел од тимот на Барселона.
„Мојата желба отсекогаш била да останам во Барселона, тоа е сè што можам да кажам. Се гледам себеси како способен да бидам овде, а да не бев, јас ќе бев првиот што ќе побара трансфер. Но, клубот има да го следат нивниот интерес.
Секогаш сум ја покажувал мојата посветеност кон овој тим, кон сите тренери. Но, не можам да одам подалеку од интересите на клубот. Не можам да кажам повеќе, иако би сакал, но повеќе нема да навлегувам во оваа тема“, изјави Алба, пренесуваат шпанските медиуми.
Да потсетиме, Барселона и Интер наводно се договориле за позајмица на Жорди Алба.
Потоа следеше потег на самиот фудбалер кој категорично го одби предлогот и реши да остане во клубот.