Шпанскиот дефанзивец се повреди на дуелот помеѓу Баерн и Барселона (3:0) во средата во натпреварот од Лигата на шампионите.
Алба поради повреда нема да игра до крајот на годината. 32-годишниот дефанзивец се здоби со оштетување на мускулот и ќе паузира околу еден месец.
Тој ќе ги пропушти натпреварите во Примера против Осасуна, Елче и Севилја, а нема да одигра пријателски натпревар против Бока Јуниорс на 14 декември во спомен на Диего Марадона.
Се очекува да се врати дури на почетокот на 2022 година. Сезонава одигра 16 натпревари и забележа пет асистенции, но е без постигнат гол.
Неговата повреда ќе биде само уште еден во низата проблеми за тимот на Чави кој испадна од Лигата на шампионите и не се снаоѓа најдобро ниту во домашниот шампионат.