Новиот играч на Арсенал и италијански репрезентативец Жоргињо изјави дека едвај чека да дебитира за лондонскиот клуб.
Жоргињо од Челзи се пресели во Арсенал, а со „топчиите“ потпиша договор до јуни 2024 година со можност за продолжување на уште една сезона. За овој трансфер Арсенал со бонуси одвои 15 милиони евра.
Welcome to The Arsenal, Jorginho 👊 pic.twitter.com/jHXqAUBKKQ
— Arsenal (@Arsenal) January 31, 2023
„Се што можам да ветам е дека ќе дадам се од себе за да го претставам овој клуб што подобро. Многу сум возбуден поради новиот предизвик. Едвај чекам да излезам на теренот. Се се случи толку брзо. Бев малку изненаден, но ја искористив шансата и го прифатив овој предизвик“, изјави италијанскиот репрезентативец, пренесува официјалниот сајт на Арсенал.
Менаџерот на Арсенал, Микел Артета изјави дека е среќен што Жоргињо се согласил да потпише со лидерите во Премиер лигата.
„Жоргињо е играч од средниот ред со висока интелигенција, со лидерски способности и долгогодишно искуство играјќи на меѓународна сцена и во Премиер лигата. Победи и освои многу, но се уште е гладен за трофеи. Му посакуваме добредојде во нашето семејство“, изјави Артета.
Жоргињо (31) е член на Челзи од 2018 година, а претходно играше за Наполи, Самбонифакезе и Верона. За репрезентацијата на Италија постигна пет гола на 46 натпревари.
Арсенал моментално е на првото место на табелата во Премиер лигата со 50 бодови од 19 натпревари.
