ФУДБАЛ

Жота и Фирмино под прашалник за финалето на Лига купот

Ливерпул и Челзи во сабота ќе се борат за пехарот во финалето на Лига купот на Вембли.

Во тимот од Енфилд може да ги нема Диого Жота и Роберто Фирмино, кои се повредија минатата недела.

Жота го повреди скочниот зглоб на дуелот со Интер во Лигата на шампионите, додека Фирмино се пожали на мускулен проблем по враќањето од Италија.

Ниту Фирмино, ниту Жота не беа на теренот во саботата на дуелот против Норич, а најверојатно ќе го пропуштат мечот со Лидс во среда.

„Прерано е да се проценува“, изјави Клоп.

„Не знам ни дали ќе имаме шанса да чекаме што е можно подолго со таа одлука, но во овој момент дефинитивно е рано да се проценува. Ги видов денеска, изгледаат одлично, но повторно, тие двајца секогаш изгледаат одлично“, додаде Германецот.

„Мора да почекаме да видиме како ќе се развива ситуацијата, но секако ќе направиме се што е во наша моќ да ги подготвиме за настап“, заклучи менаџерот на Ливерпул.