Фудбалскиот свет е во шок откако беше потврдено дека Диего Марадона почина денес.
Еден од најдобрите играчи на сите времиња почина во Буенос Аирес откако доживеа срцев удар и за жал не успеа да се опорави.
Неговата смрт го потресе целиот свет, а многумина се простија од Марадона преку социјалните мрежи.
Жозе Мурињо објави и емотивна порака на Инстаграм.
“Дон Диего. Је*ига, друже, веќе ми недостигаш”, напиша Мурињо, кој беше многу потресен од смртта на Марадона.
View this post on Instagram